ГФК Охрид Лихнидос продолжува со перфектниот старт на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Охриѓани денеска славеа убедливо на гостувањето кај Тетекс со 3:0, запишувајќи ја третата победа во исто толку одиграни натпревари.

Сино-белите одиграа сигурен натпревар во Тетово, трипати ја затресоа мрежата на домаќинот, а притоа ја сочуваа сопствената.

Во листата на стрелците се запишаа Дамјан Масевски, Валентин Кочоски и Марко Николовски.

Охрид со тоа ја продолжи победничката серија на стартот од првенството. Во првото коло на „Билјанини Извори“ го совлада Новаци со 2:1, а во второто беше убедлив против Кожуф со 5:1.

По денешниот триумф над Тетекс, ГФК Охрид Лихнидос има максимален ефект по три одиграни кола – три победи и девет освоени бодови, со гол-разлика 10:2.

OhridNews