
Овие два датуми се длабоко врежани во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.
Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености во Скопје, Пелинце и Крушево, каде оваа година ќе се одржи централната манифестација.
Празникот свечено ќе биде одбележан и во Охрид. Свеченостите почнаа синоќа во Велгошти, со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и пригодна културно уметничка програма.
Утрово ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците во градскиот парк во Охрид, а во 11 часот во село Плаќе предвиден е историски час .
OhridNews












