Во пресрет на Христовото раѓање- Божиќ, денеска, под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а во организација на Одборот за бадникови поворки од Охрид, по 5- ти пат ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка во Охрид.

Поворката со околу 400 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св. Ѓорѓи, преку улиците „ Јане Сандански“ и „ Кеј Македонија“ , во 11:30 часот ќе пристигне на плоштадот „Св.Климент Охридски“ каде градоначалникот Јован Стојаноски, на децата коледарчиња ќе им подели Божиќни подароци.

Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Успение на Света Богородица-Каменско.

OhridNews