Туристичката понуда на Охрид е побогата за Хотел „Витторе“, нов модерен сместувачки комплекс во населбата Далјан на само 200 метри од Охридското Езеро.

Хотел „Витторе“ располага со 27 двокреветни и трокреветни соби, стилски уредени со вниматално избрани детали и функционален простор создаден според потребите на современиот патник.

Хотелот има сопствен ресторан од отворен тип со капацитет за 100 лица во комфорен стил и тераса за околу четириесет лица. Целосно ќе биде ставен во функција на гостите од есен по принципот ноќевање со доручек. Ресторанот е идеален за организација на прослави, веселби и други настани.

Хотелот е целосно автоматизиран и опремен според највисоки стандарди со лифт, лесен пристап и паркинг, што го прави престојот попријатен.

Hotel Vittore Ohrid I +389 70 274 360

Сместен во исклулително тивок и мирен дел на градот, на само неколку минути од плажа и десеттина минути пеш од старата чаршија, овој туристички комплекс нуди идеални услови за престој во Охрид, но и за кафе, деловни и други средби надвор од големите гужви кои ги носи шпицот на сезоната.

OhridNews/PR