Со поставувањето на споменикот на Свети Наум Охридски – Чудотворец комплетиран  е духовниот триаголник во центарот на градот на словенската писменост. Свети Наум гордо ќе стои покрај заштиникот на градот Свети Климент заедно со словенските просветители Свети Кирил и Методиј.


– Јас сум горд и среќен што во мојот мандат успеавме заедничи да ја реализираме идејата на охридскиот плоштад да се постави таканаречениот духовен триаголник од споменици. Јас не учествував во поставувањето на споменикот на Св Кирил и и Методи,ј  но затоа пак драго ми што во мојот мандат се поставија Св Климент и Св Наум. За мене како градоначалник и за сите охриѓани овој споменик значи многу повеќе од туристичка атракција – истакна градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој искажа голема благодарност на сите учесници кои беа дел од овај проект, од Министерството за култура, преку одборот формиран од советот на општина па до сите охриѓани.


Авторот на споменикот но и на духовниот триаголник, акедемикот Томе Серафимоски потенцираше дека е големо задоволство што негови три скулптури го красат центарот на Охрид.

– Големо задоволство и среќа што ми се укажа прилика на еден сосема слуачен начин на овај просторт во центарот на Охрид да поставам три мои скулптури. И тоа Св. Кирил и Методиј пред  22 години кој беше донација на познатиот бизнисмен Ристо Гуштеров, потоа Св Климент кој беше донација на уште еден македонски бизнисмен Зоран Зелениковски, и конечно со Св Наум се заоокружува тој триаголник, кој благодарејќи на Министерството за култура и општина Охрид се постави во самиот центар – рече академикот Томе Серафимоски.



Воодушевување и возбуда имаше кај охриѓани, како и кај првиот човек на Одборот за поставување на овај споменик, Јоне Станкоски кој истакна дека за него е голема чест што  после повеќе од 20 години е комплетиран духовниот триаголник.

– Одборот во целост ја заврши поставената задача имав можност но и чест да бидам претседател на тој одбор и им благодарам на сите членови , на Министерството за култура какои и на локалната самоуправа и секако на авторот на овај споменик кој ги оправда очекувањата – вели Станкоски.


Изработката на споменикот кој е заедно со постаментот е висок 6,5 метри траеше година и пол, а се излеа во српската ливница „Браќа Јеремиќ“.

М.П.