Традиционално на празникот Св. Јован, во Охрид се одбележува Денот на рибарите.
Годинава прославата ќе биде на Сараиште од пладне, каде ќе има богата програма. Ќе настапи Охридскиот музички еснаф, ќе има пача и плашици, а ќе се заврши со зимското капење на тајфата на фаќачот на крстот.
Кон овој ден охриѓани имаат посебен однос. Тој се негува со децении и привлекува голем број луѓе од градот и земјава.
OhridNews












