На празникот Св. Јован, традиционално ќе се одржи манифестацијата „Денот на рибарите“. Ќе се подготвува рибна чорба, која ќе се служи бесплатно како и греана ракија, вино, пача.

Традиционално на овој ден охриѓани се капат во езерските води за здравје заедно со тајфата на фаќачот на светиот крст.

Денот на рибарите, кој биде одбележан на Градскиот плоштад, ќе биде збогатен со културно уметничка програма во рамки на која концерт ќе одржи македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски, со почеток во 12 часот.

OhridNews