ГРК Охрид го совлада Вардар 1961 во 8 коло од плеј-офот 26:24 и ја продолжи битката за вицешампионската позиција на табелата што води во Европската лига.
Мечот се одигра во одлична спортска атмосфера. Вардар беше пречекан со аплаузи и честитки од играчите на Охрид за освоената шампионака титула, по што следеше голема борба на теренот која заврши со победа на домашниот тим.
Одбраната ја предводиеше феноменалниот Пилиповиќ кој мечот го заврши со 10 одбрани, а во нападот најефикасни беа Иванковиќ и Јасухира со по 6 гола, Ѓукиќ постигна 4, а извонредна роља имаше Николче Ристески кој постигна 3 гола од 3 обиди
Статистиката ГРК Охрид: Пилиповиќ (10 одбрани), Стрмљан, Ојлески 1, Јагуриноски 1, Иванковиќ 6, Кукуловски, Јасухира 6, Ристески 3/3, Тасески, Реј, Савревски 1, Лиапис 3, Ѓукиќ 4, Ќосевски, Прибетиќ 1.
Во следното коло Охрид го пречекува Еурофарм Пелистер во директен дуел за 2 позиција на табелата.
Фото галерија:
Г.М.
Фото: А.Момироска






























































































