Охридскиот среден ред ќе добие нова физиономија откако тимот на Цветаноски го засилија офанзивните играчи за врска Христијан Димоски и Климент Настоски, обајцата се фудбалери кои потекнуваат од охридската фудбалска школа, а во составот на рибарите доаѓаат од Охрид Лоте, односно Металург.


Димоски минатата сезона во “црно-црвениот“ дрес  на Охрид Лоте постигна осум погодоци, додека Настоски во полусезоната за Металург постигна два гола.

Покрај овие двајца фудбалери конкуренција во средниот ред ќе им прави Брадониќ, а деновиве се очекува да биде постигнат договор со дефанзивеацот Дејан Лескароски.

Охрид кој по 15 години се врати во елитното друштво новата сезона ќе ја започне од Тетово против Ренова.