ГФК Охрид Лихнидос го заврши настапот во Купот на Македонија, откако вчера загуби на гостувањето кај Новаци со 1:0.

Домаќините со минималната победа обезбедија пласман во следната фаза од најмасовното домашно фудбалско натпреварување, додека за сино-белите заврши куп-приказната за оваа сезона.

Охрид сега целосно го насочува вниманието кон настапите во Втората македонска фудбалска лига, каде одлично ја започна сезоната со три победи во првите три кола и максимални девет бодови.

Продолжуваме понатаму со фокус кон следните предизвици, порачаа од ГФК Охрид Лихнидос по натпреварот во Новаци.

OhriNews