Градоначалникот Никола Бакрачески денес ја најави реализацијата на проектот за изградба на современа пешачко рекреативна патека од каналот Студенчишта до хотел Парк во вкупна должина од 1300 метри.

Дел од патеката ќе се гради со средства од ИПА програмата за финансирање на проекти од прекугранична соработка. За проектот чија цел е промоција на водата како ресурс, во кој се вклучени и Република Грција и Албанија, од ИПА програмата доделени се 530000 евра, од кои за општина Охрид 150000 евра со кои наскоро се очекува да започне изградбата на дел од патеката во должина од 200 метри.  

Современата  пешачка патека ќе биде широка 10 метри , со дополнителни две пешачки зони, две патеки за ролери и велиосипеди, а во средината ќе биде  адекватно хортикултурно уредена и осветлена. Останатиот дел од патеката ќе се уредува со средства од буџетот на локалната самоуправа. Оваа патека претставува нова ера на уредување на пешачките патеки во Охрид според сите светски стандарди, како и во познатите туристички центри, рече Бакрачески.

Градоначалникот информира дека главниот проект за изградба на патеката е завршен и дека по завршувањето на изборите ќе се распише тендер за избор на најповолен изведувач, по што ќе почне реализацијата на проектот.

Раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов информира дека дел од доделените средства ќе бидат искористени за дополнителни активности во рамки на проектот кои имаат за цел промовирање на вредностите на водата како ресурс . Меѓу нив, е изградбата на современ туристички инфо центар во кој покрај туристичката  понуда ќе има и други активности во насока на промовирање на водните ресусри и се она што е во поврзано со водата, активности поврзани со програмата  за фестивали со кои се промовира водата, тематски фестивал за промоција на црешата и ред други активности.

Т.К.