Продолжување на позитивниата низа сакаат охридските фудбалери кои попладнево од 14 часот ќе го пречекаат поранешниот македонски првак Ренова. Откако го пропушти мечот со Напредок, напаѓачот Игор Клечкароски очекува да се врати во составот, но според најавите мечот ќе го започне од клупата.


– Повредата е минато, цела недела напорно тренирав да се вратам во форма. Мечот со Ренова ќе го започнам од клупата за резерви, ако добијам шанса јас сум спремен да го дадам максимумот за екипата. Со “гипсарите“ ни престои тежок натпревар, искуството е на нивна страна но ние гориме од желба за трите бода – Клечкароски.

Поради суспензијата од два меча на охридската клупа ќе го нема српскиот стратег Драган Антиќ, кој сепак смета дека лесно “белите“ ќе стигнат до трите бода.

 – Во моментов играме добар фудбал, можда и меѓу првите три екипи сме во првата лига.  Полека влегуваме во посакуваниот ритам, стануваме стабилен прволигашки клуб и мислам дека лесно ќе ја добиеме Ренова на нашиот стадион – смета Антиќ.

Натпреварот Охрид – Ренова кој започнува во 14 часот, ќе го води скопјанецот Игор Цветкоски.