Делегација од збратимениот кинески  град со Охрид, Далиан  утре ќе биде  во работна посета на општина Охрид.   

Во рамки на посетата предвидено  е потпишување на меморандум за соработка помеѓу  претставници од Сектор за туризам и локален економски развој од Охрид  и од  Бирото за туризам од Далиан.

Градот Далиан е еден од најразвиените  градови во Кина, лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија. Пристаништето во Далиан е на десетто место според обртот, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во Светот. Регионот на градот Далиан е и еден од главните туристички центри на Кина, кој минатата година го посетиле 53 милиони туристи од кои 11 милиони странци. Во градот живеат над 10 милиони жители и  годишен БДП од 70 милијарди долари. Далиан е и образовен центар со 31 универзитет.

OhridNews