Во четвртото тримесечје од 2012-та година, во општина Охрид и Дебрца се бележи намален наталитет.

За разлика од овие две општини, во Струга се бележи зголемување на природниот прираст за 78 лица. Во последните три месеци од минатата година, родени се 189 живородни деца.
На државно ниво, природниот прираст изнесува 1 333 лица, односно родени биле 6 254 живородни деца, што во споредба со истиот период во 2011-та година, значи зголемување за 15 отсто.
Инаку, како што неодамна изјави Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, се работи на нов пакет мерки и активности кои треба да помогнат во зголемување на наталитетот во Република Македонија, односно директна борба со мерки против стареењето на населението и демографската рецесија со која се соочуваме во последните 20 години.
OhridNews












