Во финалето на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, ГРК Охрид денеска ќе се сретне со Еурофарм Пелистер 2.

Охрид во полуфиналето беше подобар од Врање 28:22, додека Е. Пелистер 2 го совлада Тиквеш со 30:21.
Натпеварот за трофејот на турнирот во Прилеп почнува во 15 часот.
Г.М.











