Денеска во Струмица во спортската сала „Парк“, ќе се одиграат полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот од Купот на Македонија.
Во првото полуфинале од 17 часот се среќаваат екипите на ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер, а во второто полуфинале од 20 часот ќе играат РК Алкалоид и РК Вардар 1961.
Атмосферата во клубот е одлична. Сите играчи ќе го дадеме максимумот и доколку ни се пружи шанса како во Битола ќе гледаме да ја искористиме и да се радуваме на финале во Купот, изјави ракометарот на ГРК Охрид, изјави пред мечот пивотменот на Охрид, Иван Тасески.
Г.М.














