Охрид и Далиан од Н.Р. Кина заеднички ќе работат на промоција на македонскиот туристички бисер, а ќе се залагаат и за економка соработка и привлекување на инвестиции од кинеските стопанственици за заживување на охридското стопанство.

Ова беше истакнато на средбата помеѓу градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески и членовите на високата делегација на кинескиот град Далиан кој е збратимен град со Охрид.

Импресионирани сме од градот, исполнет со културно-историско наследство и природна убавина. Посебно сме воодушевени од архитектурата тука и целосната туристичка понуда, рече Хуаи Зонгнин, претседавач на Народниот конгрес на Далиан. Притоа тој најави проширување на соработката меѓу двата града.


Градоначалникот на Охрид изрази уверување дека и Охрид може да ги следи стапките на Далиан во брзиот економнски развој регистриран изминатите неколку децении и најави продлабочување на соработаката во сите области.

– Покрај туризмот разгаваравме за соработка во градежништвото, за евентуални кинески инвестиции во таа сфера, истакна Петрески. Тој најави дека на кинеските гости ќе им испорача каталог со сите стопански субјекти во градот, со состојбата во која се наоѓаат некои производствени капацитети, што би отворило можност за директна соработка на кинеските и охридските стопанственици, но и привлекување евнтуални заинтересирани инвестиртори од Кина.

Далиан е град со седум милиони жители и се наоѓа во северниот, најразвиениот дел од Кина.

ОhridNews

фото:Емилио