Како што информира македонската амбасада во Будимпешта, на осум страни во списанието, под наслов “Македонија, лулка на цивилизацијата” претставени се најголемите туристички атракции во државата.
Известувањето е резултат на посетата на уредникот на магазинот на Македонија, иницирана од Македонската амбасада во Унгарија, а со финансиска и логистичка поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.
Магазинот “Explorer” има преку 12.000 претплатници во Унгарија и неговата веб страна е една од најпосетуваните во државата.
Makfaks