Составите на Охрид и Металург ја добија улогата носителите од Ракометната феденрација на Македонија во пресрет на ждрепката за новата сезона во Супер лигата.

Улогата на носител не е случајна, бидејќи ракометарите на Охрид и Металург минатата сезона која не се доигра поради кризата предизвикана од коронавирусот завршија на првите две позиции на табелата.

Ждрепката е закажана во петок во 12 часот, а тогаш ќе знаат повеќе детали околу датумот за почетокот на новата сезона.

За потсетување, Супер лигата ќе биде поделена во две групи по седум екипи. Првите три на табелата од двете групи ќе играат во плејофот заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер додека преостанатите ќе се борат за опстанок во плејаутот.

Шешири пред ждрепката за Супер лигата: 

Прв шешир: Металург и Охрид
Втор шешир: Тинекс Пролет и Бутел Скопјe,
Трет шешир: Радовиш и Еурофарм Пелистер 2
Четврти шешир: Струга и Работнички
Петти шешир: Астраион и ГРК Тиквеш
Шести шешир: КЛ7 и Прилеп
Седми шешир: Јуниор Кисела Вода и Младост.

OhridNews