Одредени реконструкции на постојната Спортска сала и редица други зафати за подобрување на условите за напревари (и тренинг) и нивно следење од страна на акредитирани ТВ  и други новинарски екипи, не се „новини“ во условите што ги презеде РФМ доколку сака ЕП во ракомет за сениорки во декември годинава да се одржи во Македонија односно  покрај Скопје и во Охрид, стои во рекцијата на локалната самоуправа по најавите од ген-сек на РФМ Марјан Начески дека организацијата на ЕП во ракомет за жени што во декември треба да се одржи во Охрид и Скопје е доведена во прашање:

„Впрочем тоа беше констатирано и при потпишувањето на Договорот за организација на ЕП за жени што се случи во август минатат година во Охрид. Договорот со ЕХФ, покрај претседателот на РФМ, Труфун Костоски и Генералниот секретар на РФМ, Марјан Начески, во делот на обврските што се однесуваат на Охрид како потенцијален град-домаќин на Првенството го потпиша Градоначалникот Александар Петрески.

Исполнувањето на она што е содржано во Договорт, разбирливо и на бараните интервенции во Спортската сала во Охрид, Градоначалникот Петрески го посочи уште при самото потпишување на Договорот како потреба имајќи предвид дека шансата за организирање на ваков спортски настан не смее да се пропушти. Реконструкцијата на постојната Сала и изградба на потребни пропратни објекти во функција на ЕП, се потреба и заради самиот развој на спортот во Охрид и идните можности за организирање на слични меѓународни турнири и натпревари не само во ракомет.

Имајќи го предвид значењето на ЕП во ракомет како извонредна форма за афирмација на овој спорт во Македонија, а уште повеќе како промоција на Охрид и Македонија, разбирливо е дека Охрид е во постојан контакт со РФМ и се вложуваат заеднички напори за исполнување на обврските кон ЕХФ.  Самото одржување на ЕП во Македонија и Охрид и неговата успешна организација се признателност за сите нас.

Конечно, конкретно кажано, Охрид ќе го исполни својот дел од обврските за одржување на ЕП. Така направи и за Светското првенство за јуниори минатата година кога се потврди не само како успешен организатор туку ги доби и сите пофалби за она што го направи“, стои во соопштението на одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.  

ohridnews