Двојните избори во Охрид донесоа спротивни резултати. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека во локални рамки на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

На вонредните избори за градоначалник Георгиески освои 16.523 гласа, а неговиот противкандат од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски 12.668.

На изборите за претседател на државата во Охрид кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова освои 15.127 гласа, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 14.107.

Сепак, севкупно, на претседателските избори победи Пендаровски, кој освои 51,66% од гласовите.