Кошаркарскиот клуб Црн Дрим од Струга е нов лидер во Втората кошаркарска лига-запад. Стружани на врвот се искачија после убедливиот гостински триумф над Спорт Тим (62-90) и поразот на Партизан Водно Санс од тимот на Хераклеа (73-76).

Претседателот на клубот Драган Челешоски успеа да состави респектабилен тим со играчи од охридско-струшкиот регион и кошаркари кои се на позајмица во Струга. Амбициите се високи, но стружани не се брзаат и нема да потклекнат пред кошаркарската еуфорија која владее во градот.

Кошаркарите на Црн Дрим, викендов кој доаѓа ги очекува дерби пресметка на домашен терен. Во Струга ќе го гостува Партизан Водно Санс, а победа е единствена опција за Црн Дрим.

OhridNews