Бранителот на трофејот ГРК Охрид и актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, Вардар 1961, вечерва ќе се борат за победничкиот пехар на 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Финалната пресметка е закажана за 20:30 часот и ќе биде кулминација на четиридневните возбудувања на традиционалниот турнир. Охрид ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен минатата година, додека Вардар 1961 ќе атакува на уште една титула по освојувањето на двојната домашна круна.
Претходно, од 18:30 часот, во натпреварот за третото место ќе се сретнат Прилеп и домаќинот Струга.
Веќе заврши натпреварот за петтото место, во кој Дубочица од Лесковац го совлада Бутел Скопје со 31:29. Најефикасни беа Ристовик кај Дубочица и Каевски кај Бутел со по девет погодоци.
Распоред – 15 август:
10:00 – Бутел Скопје – Дубочица 29:31 (за 5. место)
18:30 – Прилеп – Струга (за 3. место)
20:30 – ГРК Охрид – Вардар 1961 (финале)
Со вечерашното финале ќе биде спуштена завесата на 54. издание на еден од најстарите ракометни турнири во регионот.
OhridNews
Фото: А. Момироска/Архива












