Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Унгарија, Ѓула Порга, денеска во ресторанот „Тино“ на кејот „Македонија“ во Охрид, потпишаа писмо на намери за пријателска соработка помеѓудвете општини.
Документот е чекор кон збратимување на двете општини, што е крајна цел која треба да се реализира преку соодветни процедури во двете општини. Но, несомнено, простор за соработка има, потенцираа двајцата градоначалници.
- Процесот траеше повеќе години при што делегации од двата града меѓусебно се посетуваа, и од денеска Охрид и Веспрем се збратимени градови. Имаме простор за соработка во многу области, пред се во економијата, туризмот, културата и секако во спортот. Се надевам дека оваа соработка ќе трае во иднина без оглед кои ќе бидат градоначалници во двата града и Охрид и Веспрем ќе имаат плодна соработка, изјави градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
- Тука сме на овој голем празник за градот на Охрид. За прв пат се сретнавме на ова ниво како градоначалници, а по средбата со нашиот домаќин уверен сум дека двете општини може полбиску да соработуваат исто како и нашите две нации, истакна градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга.
Претходно Охрид се збратими со градот Пула, Хрватска, а во тек е постапка за таква соработка и со општина, Стари град – Белград, која се очекува да биде финализирана наредната година.
Г.М.


















