Охрид и Воден од Грција повторно ќе аплицираат со заеднички проект за користење средства од европските фондови, наменети за прекугранична соработка. Ова беше договорено на вчершната средба на градоначаалникот Никола Бакрачески и Димитриос Гианои градоначалник на Воден.

На средбата, на која учествуваше и  Проф. д-р Ангела Крстаноска-Василеска како претставник на Факултетот за туризам и угостителство  од Охрид, беше речено дека успешно се реализира заедничкиот проект „Ватернет“, што е одлична основа за нови заеднички апликации пред европските фондови, пред се од областа на туризмот.

OhridNews