Денеска во Охрид се одржа Вториот координативен состанок на проектот „WATERNET“, кој се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Целта на денешниот состанок е да се направи пресек на досегашните активности, помеѓу партнерите: општина Охрид, општина Воден, Техничкиот Институт Александар од Солун и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека реализацијата на проектот се одвива според предвидената динамика, а денешната средба градоначалникот на Воден Димитриос Гиану, ќе биде искористена да се разгледаат можностите за соработка на повеќе полиња.
Градовите Охрид и Воден, разгледуваат повеќе солуции за заеднички настап во ИПА програмите на Европската Унија. Освен тоа, добрите односи со Воден, ќе се продлабочуваат и преку соработка во културата, образованието и спортот. Се очекува утре на Богојавление да бидат присутни повеќе гости од грчкиот град партнер.
OhridNews