Градот Охрид со низа свечености и манифестации го одбележува 2 Август – Денот на Републиката.
По тој повод утрово цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа и кај „Прентов мост“ положија делегации на локалната самоуправа, политички партии, здруженија, граѓани…
По повод Илинден денеска во селото Плаќе се одржа историски час со културно-уметничка програма, а чествувањата ќе бидат заокружени вечерва во селото Елшани со традиционалната Илинденска вечер.
Г.М.
Фото: А. Момироска