Проектот за креативни бизниси финансиран од УСАИД, денеска беше презентиран во Охрид.

На презентацијата што ја организираа Одделението за локален економски развој при Општина Охрид, Здружението „МАТА„ од Скопје и Здружението „Култ Дам“ од Охрид, занаетчиите се запознаа со значењето и предностите што ги носи проектот. Преку него тие можат да учествуваат на обуки кои ќе им помогнат во идниот настап на пазарот, развојот на уметничкото занаетчиство и да стекнат нови вештини за истражување на пазарот и развој на нови производи, информираат од Локалната самоуправа.


„МАТА“ уште од овој август ќе ја започне првата обука во Скопје, за која заинтересираните занаетчии ќе треба да ги подмират само патните трошоци, а останатото ќе биде финасирано од проектот.


Во септември годинава, Охрид ќе биде домаќин на европскиот проект  за културно наследство. Во него  преку работилници и други форми ќе бидат вклучени охридските креативни бизниси. Во проектот учествуваат градовите членки на УНЕСКО.

OhridNews