Со биланс од две победи и еден пораз, екипата на Тетекс ги заврши подготовките во Охрид во пресрет на стартот на домашниот шампионат. “Штофарите“ со видноизменет состав од оној ланскиот годинава ја меркаат средината на табелата.


– Задоволен сум од подготовките во Охрид. Терените, сместувањето беа на одлично ниво а успеавме да одиграме и неколку контроли со екипи од нашата земја. Во среда имаме уште еден натпревар во Кичево против Напредок.  Им дадов шанса на сите фудбалери во подготвителниот период. Тренираат 29 фудбалери што се премногу за еден клуб, со враќањето во Тетово ќе го намалиме бројот на фудбалери во нашата екипа. Тимот со кој ќе ја почнеме прволигашката сезона се надзира, сите фудбалери добија прилика некои ја искористија некои не – вели стратегот на Тетекс, Драги Сетинов.

Тимот на Сетинов лани ја фати сламката на спасот и преку баражот го обезбеди опстанокот, велат дека ја научиле лекцијата и оти годинава ќе влезат “отрезнати“ во шампионатот.


-Минатата сезона беше чудна за Тетекс, се собравме на еден ден пред почетокот на првенство и ете обезбедивме опстанок. Победата во баражот против Скопје не опамети и треба да ја научиме лекцијата од ланската сезона. Се надевам дека сезонава ќе направиме еден чекор напред , да обезбедиме опстанок во регуларниот дел од првенството, е се занесуваме дека може да бидеме први или да играме во Европа, но најважно е  да направиме од Тетекс стабилен прболигаш – вели Сетинов.

Македонската репрезентација е пред нов квалификациски циклус. Според Сетинов шансите се минимални и наспроти трошење средства на скапи селектори, да се направи страетгија која би ни донела резултат во наредните 4 до 6 години.

-Македонија се најде во најтешката група за СП и шансите за пласман се сведени на минимун. Затоа што репрезентациите се квалитетни и многу јаки. Ваквата група е шанса за ФФМ на место да плаќа скапи тренери од странство може да ангажира наши селектори да ја водат македонската репрезентација. За една негова плата може да се ангажаираат пет македонски тренери кои гарантирам дека повеќе се грижат за момците.Потребно е овој циклус да се искористи за да е оформи една нова селекција од која би се очекувале резултати во наредните четири или шест години може да оствариме пласман на Европско или на Светско првенство. Доста интересна селекција има Белгија, во нашата група фаворит е Хрватска додека од втор план ќе се борат Белгија и Србија.


За да мрдне од “котата нула“ на која се наоѓа Макфудбалот, потребни се драстични промени пред се во организацизаијата на домашното првенство.

– Ние стално играме така “топло ладно“ но тоа е оглед на нашата работа наспроти онаа од соседите. Нашата селекција може да му парира на секого но тоа бара континуитет а не само моментален блесок. Ние сме далеку од нашите соседи, прво се гледа од вложувањето во фудбалот во организацијата на домашнте првенства, па се до резултатите. За да напредно фудбалот во Македонија мора да направиме драстични промени, мора да профункционира здружението на прволигаши кое Македонија го нема. Кога ќе се крене квалитетот на првата лига ќе се крене и квалитетот на македонската репрезентација.  Исто така очајни се условите за работа за младите категории, но и условите за работа на првите тимови. Еве ќе ви дадам еден пример. Јас сум година дена во Тетово, оваа година ќе имаме четири прволигаши, лани прволигашите работеа на ненормални услови, главниот терен е една обична ливада, теренот лошо се одржува на стадионот нема ниту вода ниту струја, што дал господ, се додека не се смени тоа ќе бидеме далеку од Европа. Како течат работите ние нема да можеме ниту првото коло да го минеме – песимист е Сетинов.


Охрид има потенцијал да биде одличен тренинг центар но недостига инфраструктура, смета Сетинов.

– Зошто да одиме на подготовките надвор од Македонија,ако се создадат услови кај нас. Охрид може да прерасне во еден вистински тренинг центар во Европа. Секој добро организиран клуб сака аеродром, има прекасни хотелски капацитети, терените во Охрид се добри но се малку, за време на летотото може да се работи, но на зима тоа е проблем. Потребно е да се направат три – четири терени со вештачка трева да се стават рефлектори за да може да се играат мечеви и навечер. Можеби на лето тоа некако се комбинира, но на зима тоа е многу тешко. Има огромен простор околу центарот , кој има одлично опкружување, спортска сала, базен и тогаш многу европски екипи би доаѓале во Охрид.-завршува Сетинов.

М.П.