Охрид има  услови за развој на планински туризам, но нема иницијатори, односно доволно упатени луѓе во таа област. Туризмот не е само умешност да се привлечат  гости на плажа или во кафуле . Дејноста не подразбира само да ги однесеш гостите во шума туку и да се обезбедат услови и за младите  и за постарите  лица да се качат на планина, да има каде да престојуваат или да се одмараат. 
Можеби најголемата вина за непостоењето на ваков вид туризам е во приватниот сектор, односно туристичките агенции кои и воопшто немаат понуди за планина вели професионалниот  водич  на планина, Антонио Додевски.
-Природните услови за развој на планински туризам кај нас се идеални односно фантастични. Меѓутоа проблемот со мал број туристи, мора да го лоцираме кај нас. Најчесто нашите туристички агенции лошо ги креираат понудите кои се однесуваат на планински туризам. Имаме несоодветни понуди, лошо пласирани во странство. Исто така другиот сегмент е најчесто проблемот со авионскиот транспорт. Клиентите од Европа најмногу се жалат на несоодветните авионски линии и високите цени. Замислете колку лоша слика за нас е фактот што патник од Виена за Скопје стигнува за еден час, а од Скопје до Охрид за цели 3 часа, истакнува  Додевски, потенцирајќи дека во споредба со  интересот од пред три години, годинава  охриѓани и гостите тројно повеќе сакаат да се качуваат на планина. 
А.Б.