Минимален  но голем триумф за охридскиот лигаш кој стигна до четвртата победа во седмиот натпревар, која го искачи на четвртото место на табелата. До сосема заслужениот триумф избраниците на Драган Антиќ, ги одведе младинскиот репрезнтативец Каланоски со дебитатнскиот погодок во “белиот“ дрес.


По минутата “седење“  воведниот дел мина во мирна игра на средината на теренот, госите своите шански ги имаа со удари од далечина и тоа преку Трајчевски и Урошевиќ, кои не успеаа да го изненадат расположениот Костунаров. Во финишот на првиот дел охриѓани го наметнаа својот ритам, а играта се префрли пред голот на Манчевски. По ударот на Пројков, започна низата напади.

Резултатот го отвори Каланоски.По слободниот удар на Димоски, Манчевски одбрани, на два пати биеше капитенот Велески но од гол линијата спасуваа гостите, Каланоски од непосредна близина ја затресе мрежата. Во финишот на првиот дел идеални прилки не искориситија Димоски и Пројков.


Гостите во вториот дел имаа колосална прилика да го изедначат резултатот, но Клечкароски почетнички реагираше по одличниот контранапад на Идризи. По тој момент охриѓани се разиграа , а шансите се редеа пред голот на Манчевски. Убави прилки имаа Пројков, Далчески и Каланоски но мрежата не се затресе. Најубавата прилика ја имаше резервистот Клечкароски но негиот волеј заврши во гредата.  

Преку слободни удари гостите се обидоа да извлечат реми, но не усепаа во својата намера и во Охрид го претпреа петтиот гостински пораз.

М.П.