Граѓаните на општина Охрид, денеска, на непосредни избори ќе избираат градоначалник и членови на градскиот совет.

Ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 50.686 граѓани.Тие ќе избираат градоначалник помеѓу пет кандидати, а членови  на советот од 13 предложени листи.

Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот, по што избирачките одбори и Општинската изборна комисија ќе ги сумираат резултатите од гласањето. Доколку не биде избран градоначалник во првиот круг, ќе се одржи втор изборен круг по две недели.

За прв пат локална самоуправа во Македонија беше конституирана во 1990 година, а по осамостојувањето локални избори се одржаа во 1996, 2000, 2005 и 2009 година.

OhridNews