
Според информациите од најголемиот автопревозник, АД „Галеб“, вчера од Охрид заминале 28 редовни автобуси, сите полни, како и 14 вонредни автобуси кон Скопје.
Овие податоци говорат дека Охрид и натаму во најголем дел е викенд дестинација, што се потврдува и со информациите од хотелите каде гостите најчесто бараат аранжмани за 2 до 4 дена.












