Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти соопшти дека го раскинaло Договорот за закуп на СРЦ “Билјанини извори“ – Охрид, склучен со ЈП “Охридски Комуналец“. Согласно таквата одлука донесена  на седницата на УО на 27.12.2006 година, Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти е единствен легитимен субјект кој стопанисува со спортските објекти во Охрид, се вели во информацијата на државното јавно претпријатие.

Во дописот испратен до ЈП “Охридски Комуналец“, стои дека општината од 01.01.2007г. е обврзана на ЈП за стопанисување со спортски објекти да му плаќа закупнина за тренинзи и натпревари. Регулирањето на сите права и обврски ќе бидат договорени на состанокот кој според ЈП за стопанисување со спортски објекти треба да се одржи денеска.

Доколку општината не постапи согласно ваквите барања, тоа ќе значи дека таа не е заинтересирана за понатамошна соработка и од 01.02.2007 не ќе може да ги користи спортските објекти во Охрид, стои во решението кое е потпишано од генералниот директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Мифтар Зибери.