Денеска во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со Ханс Дитрих Шмидт, проректор на Универзитетот Фолкфанг од Есен и член на одборот за прогласување на Европски град на културата и Сузан Скипиол, одговорна за меѓународна соработка .
На средбата на која присуствуваа и ректорот и генералниот секретар на Универзитетот ЕСРА, Јордан Плевнеш и Владимир Стојчевски, Бакрачески беше запознаен со процедурата за номинација на Охрид за оваа престижна титула. Во таа насока, Шмидт ги посочи главните активности кои Охрид и Македонија треба да ги преземат најдоцна до крајот на 2014-та година, за да може Охрид да се номинира за Европоска престолнина на културата во 2020-та година.
„Европеизацијата на Балканот да започне од Охрид е идеата која треба да биде водилка во целиот процес.“ – истакна ректорот на ЕСРА, Јордан Плевнеш.
Градоначалникот вети дека општина Охрид, во најскоро време ќе ги започне прелиминирните подготовки за реализација на идеата, кои ќе бидат презентирани на почетокот од септември годинава.
OhridNews