,,Сообраќајно-технички вештачења како основа за решавање на судските спорови” е насловено стручно советување од областа на сообраќајните вештачења кое ќе се одржува во Охрид на 6-ти и 7-ми мај 2016 година.

Организатор на ова советување кое ќе се одржи по трет пат е Бирото за судски вештачења од Скопје.

Според најавите, на советувањето ќе бидат обработени актуелни теми од сообраќајот, осигурувањето и анализата на сообраќајни незгоди.

OhridNews