Иако втора година по ред од страна на локалната самоуправа не се спроведува избор за најубаво украсен двор, градоначалникот Александар Петрески не ја исклучува можноста да се наградат оние охриѓани чии дворови и тераси ќе го привлечат вниманието со својата декорација.
– Можеме да организираме награда за најдобро декориран двор и тераса. Идејата е добра доколку предизвика интерес кај граѓаните. Охрид ќе биде поубав ако секој си го украси дворот и терасата, тоа е натпревар и е убава работа, изјави Петрески.
Последен пат изборот на најубаво украсен двор се оддржа во 2010 кога беа наградени сопствениците на три куќи во Охрид.