По повод 1.100 годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, во текот на наредната година Охрид ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. Ова вчера го најави претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш.

-Постапката е започната во консултации со познати  интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја, рече Плевнеш.

Тој додаде дека во консултации со градоначалникот Никола Бакрачески, ќе се одбере локација, на која ќе биде поставен „Ѕид на хуманизмот“ на кој ќе се пишуваат добитниците на Светската награда за хуманизам.

Инаку Охридската академија на хуманизмот девет години по ред ја доделува Светската награда за хумнизам. Досегашни добитници се: Даисаку Икеда – Јапонија, Маноел де Оливеира – Португалија, Александар Сложеницин – Русија, Рави Шанкар – Индија, Питер Брук – Велика Британија, Вида Огњеновиќ – Србија, Херта Милиер – Германија и Светлин Русев – Бугарија и годинашниот лауреат Џон Ралстон Сол од Канада.

OhridNews