Советувалиште за брак и семејство од понеделник ќе функционира во рамки на Регионалниот центар за социјална работа во Охрид. Советувалиштето ќе дава бесплатна стручна и професионална помош за семејства со проблеми во функционирањето, семејства во услови на социјален ризик, но и за сите аспекти од семејниот живот.
Целта на проектот е подбврување на функционирањето на семејството и промоција на семејните вредности, информирапе владата при неодамнешната промоција на проектот кој предвидува отварање на вакви советувалишта во 11 регионални центри за социјална работа.
Според најавите услугите во советувалиштата ќе ги нудат најстручните лица од центрите за социјални работи, на доброволна основа, односно по желба на граѓаните, а не облигаторно.
На отворањето на Советувалиштето за брак и семејство во Охрид ќе присуствува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
OhridNews