После пет години пауза Охрид ќе го добие својот спортист на годината. Првата “задача“ на неодмана обновениот Сојуз на спортови ќе биде токму изборот на спортист за 2011 година, избор кој последен пат беше извршен за 2006 година, а наградата замина во рацете на атлетичарот Селман Реџеп.


Охридскиот Сојуз на спортови по неколку години хибернација беше возобновен на вондредно собрание на кое Коста Карадимче беше избран за нов претседател. – Првата обврска на овој сојуз ќе биде изборот на спортист за 2011 година. Прогласувањето на најуспешните 10 спортисти, тренер, екипа и најуспешен млад спортист и спортистка за 2011 година од Охрид ќе се одржи во последната недела на јануари -рече Карадимче.


Во охридските спортски кругови поделени се мислењата дали сојузот ќе успеа да го разбуди спортот во Охрид кој ни одалеку не е во врвот на македонскиот спорт.



Се надевам дека наредните четири години ќе бидат поуспешни од изминатите за охридскиот спорт. Сите оние кои не влегоа во телата на сојузот ги повикувам да дојдат и да бидат дел од работните комисии кои ќе се формираат во рамките на Сојузот и заедно да го направиме сојузот да го сплоти спортот во Охрид. – рече Карадимче на неговата инагурација.

М.П.