Во средината на наредната година како дел од проектот “Изградба на 9 пливачки базени”, на Агенцијата за млади и спорт, Охрид и Крушево ќе добијат затворени 25 – метарски базени.


Владата на РМ на последната седница ја разгледуваше информацијата и акциониот план според кој ќе бидат изградени двата затворени базени согласно стандардите на ФИНА соодветни за ватерполо и пливање.


Изградбата на затворениот базен уште во Август ја потврди охридскиот градоначалник кој  при пуштањето на отворениот базен при “СРЦ Атина Бојаџи“ рече:  – Идејата за покриен базен со Агнецијата за Млади и Спорт останува, нивниот план е да изградат неколку покриени базени во Македонија, а токму првиот е планиран да се отвори во Охрид.  Еден од условите кои АМС ги бараше беше да биде базенот на нова локација, таа ќе биде на просторот меѓу спортската сала и Булеварот Туристичка – истакна градоначалникот на Охрид , Александар Петрески.

Ohridnews