На Саемот во Белград, што ќе започне денес, Охрид ќе настапи со заеднички штанд, со Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот во Македонија, на кој ќе бидат изложени промотивни материјали од целата држава. На оваа манифестација, за промоцијата на Охрид ќе бидат задолжени преставниците на Одделението за туризам од Општина Охрид.
Охрид со свои промотивни материјали ќе биде застапен и на Меѓународниот Саем на туризмот во Софија. Оваа саемска манифестација ќе започне утре, а во проидружба на делегацијата која ќе го преставува Охрид, најверојатно ќе биде и градоначалникот Александар Петрески, за што добил и лична покана од градоначалникот на Софија и организаторот на Саемот.