Со цел разбивање на предизборните тензии, охридското Супер радио утре точно напладне ќе организира „избор“ на градоначалник на Охрид.

Помеѓу двајцата најсериозни кандидати за градоначалници на Охрид ќе бира златната рипка „Желба“ која ќе одбере од кој дел од поделениот аквариум со обележјата на двајцата кандидати ќе земе храна.


– Се одлучивме на овој чекор за да се смири малку топката во Охрид, по сериозно зголемените тензии последниве неколку дена. По примерот на октоподот Пол кој ги предвидуваше резултатите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, нашата „Желба“ ќе одбере еден од кандидатите за нов градски татко. , вели главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.

На „изборот“ се поканети изборните штабови на фаворитите за градоначалник на Охрид.

OhridNews