На 22 септември,недела, во 22 часот и 44 минути календарски започнува есента на северната хемисфера, додека на јужната полутопка настапува пролетта. Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути. На денот на почетокот на есента Сонцето ќе изгрее во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 18 часот и 38 минути.Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри, а тоа растојание сончевите зраци до планетата ќе го поминуваат за 8 минути и 21 секунда.

Во првата недела од есента, според прогнозата на синоптичарите, времето во Охрид ќе биде претежно сончево, со доумерена облачност. Минималната температура ќе се движи помеѓу 7 и 10 степени, додека пак максималната ќе биде од 19 до 24 степени.

OhridNews