Во заостанатиот натпревар од второто коло во Втората македонска фудбалска лига, Охрид Лихнидос славеше со 2:0 на гостувањето кај Детонит Плачковица во Радовиш.
По првото полувреме резултатот беше 0:0, но во вториот дел охриѓани го презедоа натпреварот во свои раце. Матески во 52. минута го отвори резултатот за водство на Охрид Лихнидос од 1:0.
Само нешто подоцна, во 69. минута, Јахја погоди за 2:0 и го постави конечниот резултат на натпреварот.
Со оваа победа, Охрид Лихнидос стигна до нови три бода и се искачи на првото место на табелата, пред Пелистер, АП Брера и Работнички.
По репрезентативната пауза, охриѓани ќе се вратат на домашен терен, каде што ќе ја пречекаат екипата на АП Брера.
OhridNews











