Комисијата за жалби за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија по  разгледувањето на жалбите доставени од ФК Охрид Лоте – Охрид и Фк Победа Јуниор – Прилеп одлучи да им додели лиценца за учество во натпреварувањата во организација на ФФМ за Втора лига за сезона 2011/2012.


Новата сезона во Втората Лига ќе стартува на 7 август, а ќе се натпреваруваат 16 екипи. Охрид Лоте втора година по ред ќе се натпреварува во ова првенство. Во својата дебитантска сезона заврши на десеттата позиција.

Ohridnews