Македонската репрезентација за фудбалери под 19 години ремиреше 1-1 против второлигашот Охрид Лоте на “генералката“ пред квалификациите за ЕП.
Комбинираниот состав на Јакупи поведе преку офанзивецот Скендеровиќ на
средината од првиот дел. “Џокерот“ на “градежниците“ беше повратникот во
екипата Ристоски кој го изедначи резултатот.
“Црвено жолтите“ во пред квалификациската група ќе играат против
Швајцарија, Украина и Казакстан. Во елитната рунда пласман ќе обезбедат
двете најдобро пласирани селекции. Натпреварите од предквалификациите
започнуваат во Струмица на 5 ноември.
За второлигашот Охрид Лоте контролата со македонската селекција до 19 години беше загревање за она што ги очекува викендов а тоа е големото дерби со битолски Пелистер.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...