По одложувањето на шампионатот есенскиот вицепрвак Металург ги продолжи подоготвките во Охрид, условите значително се подобрија и нареден противник попладнево е второлигашот Охрид Лоте .


На трите досегашни тест средби, забележани беа три победи, но она што беше евидентно во играта на Металруг е ротацијата на местата на теренот на одредени фудбалери. Па така капитенот Крстев се повлече во последната одбранбена линија, Тенекеџиев на десната бочна позиција, Начевски е прекомандован во средниот ред, додека српскиот интернационалец Драговиќ се проба во шпицот.

–    Ова се пријателски натпревари на кои треба да се пробаат сите варијанти. Сакам да видам како поедини фудбалери ќе одговорат на различни позиции. Па така во ротацијата влегоа Начевски , Крстев, Тенекеџиев и Драговиќ. Задоволен сум од досегашното залагање и исполнувањето на тактичко –технички задачи – истакна Христов.

М.П.