Дисциплинската комисија при ФФМ поведе дисциплинска постапка против Ф.К Охрид Лоте поради необезбедување на лекар кој поседува лиценца издадена од ФФМ на натпреварот со Ф.К Победа Јуниор.  За охриѓани ова е втор пат, а таков пропуст направиле и на натпреварот со Ф.К Локомотива Скопје.


Исто така Охрид Лоте поради неуплатени казни за доделени жолти и црвени картони во износ од 36.282,00 денари а по претходно упатено писмено известување и опомена, се казнува со парична казна од 1000 (илјада) ЕУР во денарска противредност на денот на уплатата и забрана на вршење на трансфери на фудбалери во клубот во националното првенство како и забрана за вршење на меѓународни трансфери.

Ohridnews