Охридскиот фудбалски клуб Охрид Лоте не доби лиценца за настап во Втората македонска фудбалска лига.


Комисијата за лиценцирање ги разгледуваше барањата заедно со документацијата доставена во лиценцната постапка согласно роковите опишани во Правилникот за лиценцирање верзија 2, а прегледани од страна на Одделението за лиценцирање при ФФМ и одлучи клубовите Охрид Лоте и Победа Јуниор да не добијат лиценци за настап во лигата.

Лиценци за настап добија клубовите Ф.К Локомотива – Скопје, Ф.К Осогово – Кочани, Ф.К Ринија – Гостивар, Ф.К Влазрими-Кичево, Ф.К Беласица – Струмица, Ф.К Миравци – с.Миравци, Ф.К Кораб –Дебар, Ф.К.Пелистер – Битола, Ф.К.Еуромилк – с.Горно Лисиче, Скопје, Ф.К.Треска Шишево – С.Шишево, Скопје, Ф.К.Дрита – с.Боговиње, Ф.К.Скопје – Скопје, Г.Ф.К.Тиквеш– Кавадарци, Ф.К.Руфеја-м – С.Милетино .

Согласно постапката од Правилникот за лиценцирање, Клубовите баратели на лиценца имаат право на жалба.

ohridnews